На штотуку завршениот  Филмски фестивал во Сараево, новиот проект во развој на Теона Стругар Митевска, “Најсреќниот човек во светот”, кој беше преставен на Синелинк маркетот ја доби наjценетата Еуримаж награда за развој во висина од 20,000 евра. На Синелинк оваа година беа преставени 17 одлични проекти од Европа. https://www.sff.ba/novost/11226/nagrade-25.-sarajevo-film-festivala .

“Најсреќниот човек во светот”, е сценарио потпишано од Теона Стугар Митевска и Елма Татарагич, и продукциската куќа Сести и брат Митевски го развиваат веќе 3 години, и во Сараево за прв пат беше претставено пред голем број на филмски професионалци. Реакциите за сценариото и интересот за копродукциска соработка не стивнуваа за да на крај биде крунисано со оваа престижна награда.

Да потсетиме дека Господ Постои, името и е Петрунија исто така својот пат го започна на овој маркет и ја доби истата награда во 2017.