Образ

Оригинален формат:
4:3 B/W, RED 4k
Година на објавување:
2011
Времетраење:
14 мин.
Режисер:
Стефан Сидовски
Продуцент:
Александар Зиков
Монтажа:
Александар Зиков
Сценарио:
Велко Неделковски
Директор на Фотографија:
Илија Зоговски
Главни Улоги:
Александар Микик, Магдалена Ризова Черних, Мартин Јованов, Катерина Шехтанска
Кратка содржина:

Ветка е 40 годишна жена, самохрана мајка на две деца, без постојано вработување. Сопругот починал, а таа заедно со 15-годишниот син Симчо и 3-годишната Бубе, живее во диво прикриена колипка-провизориум. Мијат автомобили, собираат стари работи покрај контејнери, едвај се прехрануваат. На земјиштето на кое се наоѓа нивната колипка ќе се гради нов комплекс со згради. Се е уништено, тие остануваат на улица. Симчо кој бујно расте и се созрева, одбира деликвентски пат кон социјална правда. Една ноќ тој провалува во дуќан… но е фатен и е испратен во поправен дом за малолетни деликвенти. „Образ“ е краток филм за долгите страдања на луѓето од социјалното дно. Топла приказна за загрозениот образ на ризични групи од населението. Но и своевидна ода за моралната вистина и човечката издржливост на една само навидум!- кревка жена. Таа се бори, таа опстојува и покрај сите подмолни удари на животот. Да го зачува семејството, да го прехрани, да ги изведе децата на вистинскиот пат. Нејзиниот Симчо, кој заодел по страна патека, не е доцна да се врати меѓу чесните. Неговиот прв грабеж ќе биде негов последен судир со законот. Или можеби не?!! Образ е стилизирана мини- сага за чистотата и девственоста на човечкиот образ и овие метежни времиња, кога многу стожерни вредности се ничкосани од транзицијата. Со речиси документарна животна уверливост, доловени се потресни сцени за маргинализираните луѓе кои, на наш заеднички срам, битиствуваат покрај нас, без вистинска шанса да се ресоцијализираат во опшеството. Филмски апел, уметнички крик, горчливо сведоштво, дамка врз образот на времето.

Награди:

Најдобро сценарио – Меѓународен фестивал Св.Јован од Верона, Италија, 2013

Специјална награда „Солидарета“ – Меѓународен фестивал Св.Јован од Верона, Италија, 2013

Фестивали:

Фестивал на храна и филм, Поградец, Албанија, 2014

Детски Филмски фестивал, Сиетл, Вашингтон, САД, 2014

Меѓународен филмски фестивал „Злосторство и казна“, Истанбул, Турција, 2013

Синедејс Фестивал на европски филм, Македонија, 2011

Исмаилија Меѓународен фестивал на краткометражен и документарен филм, Египет, 2012

In the Palace Меѓународен фестивал на краткометражен филм, Бугарија, 2012

Филмски фестивал Диван, Романија, 2012

Меѓународен фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, Битола, Македонија, 2012

Врева – уличен фестивал за активизам, Србија, 2012

Меѓународен фестивал на краткометражни филмови за млади – ТИСФЕСТ, Истанбул, Турција, 2013

Продуцентски куќи:
Арка Медиа Доо
Орце Николов 109
1000 Скопје, Македонија
arkamedia@gmail.com
2018-09-21T13:17:04+00:00