Ова не е Американски филм

Оригинален формат:
Година на објавување:
2011
Времетраење:
97 мин.
Режисер:
Сашо Павловски
Продуцент:
Дејан Илиев, Сашо Павловски
Монтажа:
Блаже Дулев, Ник Гастер
Сценарио:
Павел Јех
Директор на Фотографија:
Дејан Димевски
Музика:
Фолтин, Доријан Јовановиќ, Дарко Спасовски
Главни Улоги:
Кај Еванс, Сенко Велинов, Тони Наумовски, Тања Мицков, Славиша Кајевски, Игор Ангелов, Златко Митревски, Никола Ристановски
Кратка содржина:

Мала банда на криминалци се обидуваат да ги направат своите животи поинтересни и порелевантни- во нешто што одговара на идеален живот како во америкаски филм. Но секако тие не се во американски филм, и се осудени на неуспех во секој напор да живеат на тој начин. Нивните обиди се толку екстремни и смешни што истите влијаат на структурата на раскажувањето, тие всушност живеат внатре, создаваат дополнителни грешки, кои членовите на бандите не може да си ги дозволат (а не е дозволено ни во американски филм), па затоа нивната неефективност прави збрка. Но, преку нивната бесцелност, членовите на оваа банда се осудуваат да бидат смешни, човечки и реално. Ова е приказна на главниот лик на филмот, на Шефот, кој повеќе од било што сака неговиот живот да има смисла, да биде само како “еден американски филм.” Тој е оној кој на некој начин владее со некои од правилата на американскиот филм и всушност влијае во раскажувањето на приказната, но не до тој степен да може да има значајно влијание. Кога ќе дознае дека умира, тој прави уште еден финален чекор со цел да го направи својот живот славен како во американските филмови – со спроведување на еден грабеж со смелост која ја има во најдобрите традиционални американски гангстерски филмови. Тој има голема желба „филмот“ да биде со филмски експерти и други изненадувања, но истите нема да успеат да издејствуваат (поради тоа што реално американските филмаџии ќе ги искомплицираат плановите) односно неговото сценарио нема да се развие како што тој се надева. Но, дури и во неговиот неуспех, Шефот наоѓа неочекуван успех, и на тој начин ја наоѓа смислата на својот живот, дури и ако тоа не е американски филм.

Фестивали:

Bridge Film Fest, Косово, 2014

Филмски фестивал во Бања Лука, Босна и Херцеговина, 2012

Филмски фестивал Петалума, Калифорнија, САД, 2012

Фестивал на македонски филм, Торонто, Канада, 2012

Филмски фестивал во Тузла, Босна и Херцеговина, 2012

SEE a Paris Фестивал на југоисточен филм, Париз, Франција, 2012

Фестивал на европски филм, Букурешт, Романија, 2012

Фестивал на балкански филм, Полска, 2012

Филмски Фестивал, Калкута, Индија, 2011

Меѓународен Филмски Фестивал, Тамил Наду, Индија, 2011

Официјална Веб страница:
Продуцентски куќи:
Мануфактура Продукција
Видое Смилевски Бато 28/1-4
1000 Скопје, Македонија
manufactura@t-home.mk
2018-09-21T12:12:02+00:00