„Од рајот“ ја доби поддршката од Еуроимаж

Управниот одбор на копродукцискиот фонд на Еуроимаж на својата 153 седница која се одржа во грузискиот град Тбилиси во периодот од 10-13 декември финансиски ја подржа малцинската копродукција „Од рајот“ на режисерот Срџан Драгојевиќ со износ од 320 000 евра.

Новиот филм на Срџан Драгојевиќ, „Од рајот“ е копродукција помеѓу Србија, Германија, Македонија, Хрватска и Словенија.

Македонскиот копродуцент е Сектор Филм и тоа е долгометражен игран филм чија приказна е поделена на на три нарации, а дејството се одвива во 1993 година, 2001, 2018 година. Филмот жанровски се опишува како црна комедија со елементи на фантастика.

Еуроимаж на оваа седница на подржаните 11 играни филмови и еден документарен додели вкупно 3, 188 000 евра.

Во рамиките на Стратегијата за полова рамноправност  17% од подржаните проекти се дело на режисерки.

Сите  подржани проекти можете да се видат на следниов линк:

https://rm.coe.int/12-2018-eurimages-support-decisions-153-meeting/1680903263?fbclid=IwAR2NhPv2Qd4KmgUS_jEuXobro-B0BQbUYPlIKWOT4xeMU7Sj6RnDg4WYXIc

2019-01-14T13:41:08+00:00