„Ослободување на Скопје“ достапен на летовите на Air China

Филмот „Ослободување на Скопје“ во режија на Раде и Данило Шербеџија во месец мај годинава беше продаден во Кина, а од неодамна е достапен и на патниците кои летаат со авиокомпанијата Air China. Филмот ќе се прикажува за време на летовите на оваа авиокомпанија се до 31 декември 2018 година.

„Ослободување на Скопје“  ја имаше својата премиера  во 2016 година на филмскиот фестивал во Пула и отогаш бележи плоден фестивалски живот и освоени награди како и кандидатура за 89. издание на наградите „Оскар“ за најдобар филм од неанглиското говорно подрачје.

Филмот е мнозинска копродукција помеѓу македонската продуцентска куќа Partysans, хрватските Lijeni Film и MP Film Production, финската Art Films и британската F&ME.

Филмот е финансиски подржан од Агенцијата за филм на РМ, Хрватскиот аудиовизуелен центар , Финскиот филмски фонд, YLE и Еуримаж.

2018-11-20T14:39:41+00:00