Отворање на Скопје филмски фестивал со премиера на македонскиот филм „Втора Шанса“ во режија на Марија Џиџева

Вчеравечер,  со почеток во 20 часот, во градското кино „Милениум“ беше отворено 22 издание на Скопски филмски фестивал. На отворањето премиерно беше прикажан долгометражниот игран филм „Втора шанса“, со работен наслов „Жртва“ во режија на Марија Џиџева.

Филмот е македонско-српска копродукција (Small Moves Films и Biberche Production) по сценарио на Огнен Георгиевски, а директор на фотографија е Дејан Димески. Во една од главните женски улоги ќе ја видиме познатата српска актерка Мирјана Карановиќ, заедно со Даниела Ивановска и Наталија Теодосиева.Ова е прв долгометражен игран филм на режисерката Џиџева, и филмот е драма која навидум е политички ангажирана и мрачна, но во суштина се фокусира на меѓучовечките односи во крајно нехумани услови со цел да го пронајде и потенцира она што е најсветото во нас: љубовта и надежта.

Годинашниот „Скопски филмски фестивал“ ќе има педесетина филма во: гала-програма; програма на европски филм; панорама на светски филм; кратки филмови, документарни филмови; македонска продукција; денови на квир кино за ЛГБТ-заедницата; фокус на францускиот филм и ретроспектива на актерот Мето Јовановски.

Скопскиот филмски фестивал и филмот „Втора шанса“  се финансиски подржани од Агенцијата за филм.

2019-04-19T15:36:43+00:00