Отворен повик за аплицирање на First Cut Lab – работилница за филмови во фаза на монтажа

Ве информираме дека First Cut Lab отвори повик за аплицирање на работилницата која ќе се одржи за време на When East Meets West во Трст на крајот од јануари 2019 година.

First Cut Lab е програма наменета за 3 долгометражни играни филмови во фаза на монтажа од Источна Европа и Италија. Избраните тимови на продуцент / режисер ќе добијат индивидуален пристап и совети од областа на филмската монтажа и експертски фидбек од врвни интернационални филмски професионалци.  Главната цел е да се поттикне уметничкиот потенцијал на грубатата монтажа (rough cut) и, истовремено, да се зголеми продажбата, фестивалскиот потенцијал и потенцијалот на циркулација на завршените филмови.

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирањеможе да најдете на следниот линк: http://www.wemw.it/2010/09/19/first-cut-lab/

Рокот за аплицирање е 6-ти декември 2018 година.

2018-10-29T10:13:31+00:00