Отворен повик за пријавување филмови на Македокс 2019

Повикот за пријавување на креативни документарни филмови на златното десеттото издание на Македокс е отворен.

Пониска партиципација за апликациите испратени до 15ти февруари, 2019 година.
Регуларниот краен рок е до 15ти мај, 2019 година.
Филмовите може да се пријават на следниот линк: https://vp.eventival.com/makedox/2019

Фестивалската програма на ,,МакеДокс” во 2019 е поделена во четири напреварувачки селекции:
Кромид – главна програма оворена за средни или долги креативни документарни филмови од целиот свет.
Млад кромид – програма за нови автори чиј пријавен документарен филм е прв или втор филм на авторот. Програмата е отворена за кратки или средни креативни документарни филмови од целиот свет.
Кокарче – програма на студентски креативни документарни филмови, кратки, средни или долгометражни од целиот свет.
Сецкан кромид – програма за кратки креативни документарни филмови до 30 минути од целиот свет.

Јубилејното издание на МакеДокс – Фестивал на креативен документарен филм ќе се одржи помеѓу 21-28 август, 2019 г.

2018-11-06T14:29:46+00:00