Во рамките на Меѓународниот филмски фестивал во Карлови Вари ќе се одржи 6-то Издание на Future Frames 2020.

На програмата ќе бидат претставени филмови на десет европски млади автори, студенти или дипломци од филмски академии од 3 до 11 јули оваа година, а селектираните учесници би требало да бидат присутни од 5 до 9 јули во текот на траењето на EFP Future Frames програмата.

Филмовите ќе бидат селектирани од страна на Интернационалниот филмски фестивал во Карлови Вари, а се прифаќаат две пријави по земја, од кои една мора да биде филм на женски автор.

Авторот/ката мора да биде дипломец или студент во учебната 2019/2020 година на филмска академија, а филмот мора да биде произведен во истиот тој период.

Филмовите кои се пријавуваат треба да имаат премиерно прикажување не порано до 1 август 2019 година, како и да не бидат прикажувани во Чешка. Филмовите може да бидат краткометражни или среднометражни (до 60 минути). Може да биде пријавена и работната верзија на филмот.

Заинтересираните кандидати можат да се пријават по електронски пат директно во Агенцијата за филм на Република Северна Македонија  најдоцна до 28.02.2020 на : contact@filmagency.gov.mk, anita.stojcheska@filmagency.gov.mk .

Повеќе информации за повикот, условите и начинот на пријавување на https://www.efp-online.com/en/project_talent_promotion/future_frames.php