Отворен повик за програмата EFP FUTURE FRAMES

Во рамките на Меѓународниот филмски фестивал во Карлови Вари во текот на месец јули следната година ќе се одржи програмата EFP FUTURE FRAMES.

Програмата е наменета за студенти или дипломирани студенти (2018/19)  на отсек режија со проекти во развој или завршени краткометражни или средно-метражни филмови (во времетраење не подолго од 60 минути). Идејата на платформата е да овозможи афирмирање на млади и перспективни автори од факултетите низ Европа, а еден од предусловите за учество во програмата е филмот да е произведен во последните шест месеци и да не е претходно прикажан во Република Чешка.

Во рамките на програмата за оваа година ќе бидат селектирани 10 исклучителни млади режисери кои ќе ги претстават своите најнови проекти. Селектираните режисери ќе учествуваат на  мастер клас и ќе имаат можност да остварат средби со експерти од филмската индустрија.

Заинтересираните кандидати можат да се пријават по електронски пат директно во Агенцијата за филм на Република Македонија преку испраќање на био/филмографија (со контакт информации од подносителот и назив и контакт информации од факултетот) и електронски линк од филмот (со наведен оригинален и англиски наслов) најдоцна до 10.01.2019 година на: info@filmagency.gov.mk, anita.stojcheska@filmagency.gov.mk.

Future Frames е финансиски поддржана од програмата МЕДИА на Креативна Европа и земјите-учеснички кои се членки на мрежата European Film Promotion.

Повеќе информации за повикот и регулативите на следниот линк: https://www.efp-online.com/en/project_talent_promotion/future_frames.php

2018-11-20T11:27:52+00:00