ПЕТРУНИЈА СО ОДЛИЧНИ КРИТИКИ ЈА ОСВОЈУВА ФРАНЦИЈА И ПРОДОЛЖУВА СО ДИСТРИБУЦИЈА

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска на 1 Мај беше отворен за дистрибуција во Франција. По одличниот првичен прием, дистрибутерската куќа Пирамид се реши во втората недела да зголеми од 72 на 96 кина во кои се прикажува филмот низ цела Франција. На денот на отварањето Петрунија доби одлични критики во француските медиуми, освојувајќи ја Франција. За филмот пишуваат престижни филмски магазини како Либерасион (Liberation), Трансфуж (Transfuge), Ле Монд (Le Mond), Полиестер (Le Polyester), Позитив (Positif) кој го најави како филм со еден од најубавите женски карактери видени на платно после долго време и го прогласи Петрунија за филм на месецот, оценувајќи го со пет ѕвездички и посветувајќи му шест страни, вклучувајќи и интервју со режисерката Теона С. Митевска. Филмот предизвика големо внимание и вон филмскиот печат во Франција како во магазинот Le journal Le Femmes.

Le Courrier des Balkans во неговиот осврт за филмот вели: “Ви кажуваме трчајте, видете го филмот на Теона С. Митевска, чист драгоцен камен, ги размрдува традициите на една помината епоха!”

По Франција, започнувајки од 8 Мај почнува филмот ќе се прикажува и во киносалите низ Швајцарија, со дистрибутерот  Trigon film. Теона Стругар Митевска, ќе присустува на 4 премиери во неколку градови во Швајцарија.

Филмот во рамките на своето фестивалско патување овој месец ќе биде прикажан  на фестивал во Романија Transilvania FF, каде е откупен и за кино дистрибуција, и во Украина откако ќе биде претставен на Molodist Film Festival, Киев.

Месец мај филмот ќе го одбележи и со освоени награди, на Tirana FF, Албанија прогласен е за најдобар филм, а главната актерка Зорица Нушева ја освојува наградата за најдобра женска улога.

Продуцентската куќа „Сестри и брат Митевски“ известува за уште едно значајно достигнување, краткиот анимиран филм „Една“ на Вук Митевски е примен на Krakow Film Festival, а филмовите кои се прикажуват на овој фестивал се квалификуват за наградите „Оскар на популарноста“ на Американската Филмска Академија. Наскоро следува премирата на краткиот филм „Една“на Krakow Film Festival.

2019-05-09T16:46:25+00:00