Режисер:  Александар Манасиев, Мирко Трајановски

Продуцент:  Миле Петковски

Монтажа:  Јовче Вељановски

Сценарио:  Мирко Трајановски, Александар Манасиев

Директор на Фотографија:  Тони Коцев

Музика:  Александар Трајковски

Главни Улоги:  Трајче Михов

Кратка содржина:
Сите поштари се маратонци. Секој ден под своите нозе оставаат километри и километри, кои ги минуваат разнесувајќи пошта. Но, главиот лик на оваа приказна, Трајче Михов, е веројатно единствениот поштар во светот кој за 24 часа има истрчано 220 километри. Тој е маратонец, и тоа со „тапија“. Приказната за Трајче полека преминува во еден вид „сага“ за писмото како начин на комуникација меѓу луѓето. Дали професијата поштер е во изумирање? Што ако целата комуникација почне да се одвива по електронски пат? Дали има луѓе на кои поштарот никогаш нема да им донесе љубовно писмо или новогодишна честитка? Трајче не сака да верува во тоа.


Фестивали

International Cinematographers Film Festival “Manaki Brothers”, 2019 Битола, Северна Македонија

“People like us” Mountain Run Film Festival, 2019 Скопје, Северна Македонија


Продуцентски куќи:

Видео Студио Петковски

ул.Његошева, бр.29Б,

1000 Скопје, Р. Македонија

milevsp@gmail.com