Програмата на EFP ќе биде реализирана во текот на Меѓународниот филмски фестивал во Кан (14-18 мај 2020) и е наменета за развој и афирмација на европските продуценти.

Право на учество имаат продуценти кои течно го познаваат англискиот јазик.

Продуцентите треба да ги достават следните документи:

-мотивациско писмо

-опис  на проектот или листа на проектите (тековна продукција во пост, или во развој) вклучувајќи синопсис и изјава од режисерот (доколку е одреден).

– финасиски план на проектот.

Филмовите кои можат да се пријават мораат да бидат со минимална должина:

– до 70 минути за долгометражни филмови.

-до 60 минути за документарни филмови.

-до 6 епизоди од минимум 40 минути за играни серии

-до 15 минути за VR.

Рок за доставување на апликациите е 1 март на мејл адресата на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија: contact@filmagency.gov.mk.

Детални информации за повикот може да прочитате овде: http://www.efp-online.com/

Според  EFP 20 кандидати со највисока оценка ќе се квалификуваат за учество. Финално селектираните имаат можност на претставување на филмскиот проект, пичинг сесии, групни и и индивидуални состаноци. Портфолиото ќе биде застапено во прес и промотивен материјал во Кан, во текот на одржувањето на фестивалот.