Dok.incubator повикува  режисери,продуценти и монтажери на шестмесечна работилница, која ќе биде фокусирана на нивниот професионалниот развој под водство на ментори од светска класа. Осум тимови составени од продуцент, режисер и монтажер ќе се фокусираат на уникатната перспектива на филмот  и изострување на процесот на развивање на филмската приказна,ставајќи го во меѓународен контекст и изнаоѓање конкретни алатки за ефикасен пристап до идната публика.

Работилницата опфаќа  6 месеци интензивен развој на проекти, менторство на 25 активни светски познати филмаџии во процесот на пост-продукција,персонален фид-бек од страна на познати репрезенти на фестивали и продажни агенти, градење на маркетинг и дистрибутивна стратегија, како и учество на целиот креативен тим  на три неделни интензивни работилници. Работилниците ќе се одржат во Словачка (април) ROUGH CUT, Чешка (јуни) FINE CUT и Шведска (септември) NEAR PICTURE LOCK.

Краен рок за пријавување е 29 јануари 2020 година.

Линк за пријавување на facebook https://www.facebook.com/events/497580977520725/

https://dokincubator.net/

Инаку, од doc.incubator објавија дека 3 филма од нивната работилница ќе се натпреваруваат на Светскиот филмски фестивал „Санденс’. Во последните 8 години од работилницата веќе се избарни 12 филмови за „Санденс“.