Погледни го животот низ моите очи

Оригинален формат:  Beta SP

Година на објавување:  2008

Времетраење:  45 мин.

Режисер:  Марија Џиџева

Продуцент:  Синиша Јуриќиќ

Сценарио:  Марија Џиџева

Директор на Фотографија:  Мак Вејзовиќ, Марина Колоска, Горан Наумовски, Фејми Даут

Музика:  Сеат Хаџиќ, Мугер Фугер

Кратка содржина:
Ова е приказна за еден затворен и осамен свет сместен во едно село во Македонија, село во кое што животот е како од приказна, и каде што луѓето како да живеат на некој друг простор и друго време. Луѓето таму го гледаат животот низ нивните очи, прифаќајќи ги промените на надворешниот свет многу бавно, не сакајќи да бидат дел од тие промени. Сакаат да останат понастрана од сето она што не одговара на нивниот идиличен живот. Нивните желби, стравови, борби и тајни остануваат скриени позади високите порти на нивните куќи.


Награди:

  • Специјално признание – Фестивал Белдокс, Србија, 2009
  • Гран При – Андерхил Фестивал, Подгорица, Црна Гора, 2010

Фестивали:

  • Meѓународен фестивал за документарен филм „Кронограф“ , Молдавија, 2009
  • Меѓународен фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, Битола, Македонија, 2009
  • Астра Филм Фестивал, Сибињ, Романија, 2009
  • Фестивал на македонски филм, Торонто, Канада, 2009
  • Право Људски Фестивал, Сараево, Босна и Херцеговина, 2009
  • Уан Ворлд Фестивал, Приштина, Косово, 2009
  • Меѓународен фестивал на краткометражен филм Aстерфест, Струмица, Mакедонија, 2009
  • Загребдокс Фестивал, Загреб, Хрватска, 2009
  • IDFA Меѓународен Филмски фестивал, Амстердам, Холандија, 2008
Продуцентски куќи:

Нуклеус

Далматинска 8

Загреб, Хрватска

www.nucleus-film.hr

[email protected]

2019-01-30T10:56:11+00:00