Почнува осмиот Анимакс Скопје Фест 2018

„Не понекогаш. Засекогаш. Анимакс Скопје Фест“ е мотото под кое од 29 ноември до 02 декември во Кинотека на Македонија, ќе се одржи осмото издание на меѓународниот филмски фестивал за анимирани филмови Анимакс Скопје Фест.

Во четирите фестивалски денови ќе бидат прикажани 50 краткометражни филмови и 12 филмови за деца во официјална конкуренција. Во рамки на фестивалот ќе бидат организирани и две тематски работилници за анимација наменети за деца.

Анимакс Скопје Фест е во организација на продуцентската куќа Аурипигмент, во соработка со филмското училиште Тинтири-Минтири од Скопје и Кинотека на Македонија, а финансиски е подржан од Агенција за филм на Република Македонија и Град Скопје.

2018-11-26T13:39:04+00:00