со Матијас Ношис – „Алфапанда“  (Alphapanda)

Креативна Европа МЕДИА Деск МК организира дводневна работилница специјално наменета и адаптирана за македонските филмски професионалци за нивно усовршување во областа на филмскиот маркетинг.  За таа цел, ги повикуваме заинтересираните продуценти, режисери, дистрибутери, кино прикажувачи да се пријават на интензивната програма во областа на филмскиот маркетинг предводена од Матијас Ношис (Mathias Noschis) основач на агенцијата Алфапанда (Alphapanda). Работилницата ќе ги опфати сите главни аспекти на маркетинг во филмот со фокус на маркетинг стратегии за независни филмови, како и практични совети за апликацијата на МЕДИА во делот кој се однесува на маркетинг стратегија. Учесниците преку практични вежби ќе ги применат научените техники на филмска премиера, а дополнително ќе можат да закажат индивидуални консултации со Матијас Ношис со цел подобрување на маркетинг стратегијата на конкретен проект. Предавањето и работилницата ќе се одржат од 2-ри до 3-ти октомври 2019 и ќе се одвива на англиски јазик.

Матијас Ношис е експерт за маркетинг стратегии на филм. Тој е основач на Алфапанда, маркетинг агенција за филм која има свои канцеларии во Берлин, Варшава и Женева. Клиенти на Алфапанда се 20th Century Fox, Warner Bros., the European Film Awards како и повеќе независни продуценти, дистрибутери и продажни агенти. Дел од проектите кои ги работел Матијас Ношис се: The Orphanage (Cannes ’19), A Colony (Berlinale ’19), Another Day of Life (Cannes ’18), Touch Me Not (Berlinale ’18 Golden Bear)God’s Own Country (Sundance ’17)документарците Lemebel (Berlinale ’19), Hamada (IDFA ’18), Heartbound (TIFF ’18) како и американските филмови “The Favourite”, “Isle of Dogs” (Berlinale ’18) и Shape of Water. Матијас Ношис работи и како консултант за Креативна Европа МЕДИА, маркетинг експерт и тутор на Ace Producers, Locarno Industry Academy, Dok.Incubator и IFFR Lab.

ПРОГРАМА

Среда 02.10.2019

  • Предавања: маркетинг на филмот (отворено за јавност)
  • Работилница: развој на маркетинг стратегија преку case study – македонски филм (10-12 учесници)

Четврток 03.10.2019

  • Индивидуални консултации (4 проекти)

*долгометражен проект во развој (пред-финална фаза на развој) или завршен филм кој сé уште немал премиера.

Пријавување за учество на работилницата:

Краен рок за пријавување до 23. септември 2019

→ За учество на работилницата потребно е да испратите:

  • CV
  • Кратко мотивационо писмо: зошто ви е важно да учествувате (на англиски јазик)

→ За индивидуални консултации потребно е да испратите:

  • CV
  • кратко мотивационо писмо (на англиски јазик)
  • синопсис или тритмент (на англиски јазик)

*учесниците пријавени за работилницата и индивидуалните консултации треба да бидат и на отвореното предавање.

Пријавите ги испраќате на е-мејл адресата [email protected] со назнака (subject): Пријава маректинг во филм.

Влезот е слободен но, заради ограничен број места ве молиме да го потврдите вашето учество.