Премиера на филмот „Зошто јас?“

Вчера, со почеток во 17 часот во Кинотека на Република Македонија се одржа премиера на документарниот филм „Зошто јас?“ Режисер на филмот е Сенад Абдули, сценарист Салејдин Салихи, а директор на фотографија е Роберт Јанкуловски.

Документарниот филм „Зошто јас?“ ја истражува несреќата во Чернобил преку интервјуа со лица погодени од зрачењето, ги илустрира негативните ефекти на нуклеарното зрачење и неговите последици кои не признаваат боја, нација или религија.

Продуцент на филмот е Арнел продукција, а финансиски е подржан од Агенција за филм.

2019-01-14T12:56:15+00:00