Македонските сниматели Самир Љума и Фејми Даут  се закитија со уште една престижна наградата. Овој пат тие се наградени од страна на Американското здружение на кинематографери за нивната фасцинантна работата во „Медена земја“.

Наградата им ја врачи режисерот на филмот „Џокер“, кој е со 11 номинации за Оскар, Тод Филипс  на свеченоста која се одржа викендов во театарот „Долби“ во Лос Анџелес.

Во оваа прилика американскиот режисер кој и самиот ја има стартувано својата кариера во полето на документарниот филм потенцира дека „ова е златно време на документарците“.

Најважната награда што може да ја посака еден кинематографер е токму оваа, рече Самир Љума на 34. доделување на наградите.

 – Ја изразувам мојата благодарност до Асоцијацијата на кинематографери која ги отвори вратите за кинематографијата во документарните филмови. Се радувам што ние сме првите добитници во оваа категорија. Сакам да им порачам на сите што сакаат да се занимаваат со оваа дејност дека не е важно од каде доаѓате и ако сте искрени во тоа што сакате да го работите, еден ден можеби оваа награда ќе биде ваша – порача Љума.

– Многу сме среќни што сме први од Македонија што воопшто учествуваат на овие награди – рече Даут во кусото интервју за „Американ синематографи“.

Тие се први добитници на оваа награда, која Асоцијацијата на кинематографери на Америка ја воведе годинава.

Тамара Котевска и Љубо Стефанов беа номинирани во категоријата најдобри режисери на наградите на Здружението на режисери на Америка . Наградата ја доби режисерот Стивен Богнар за филмот „Американска фабрика“.Британскиот кинематографер Роџер Дикенс беше прогласен за најдобар за филмот „1917“ во режија на Сем Мендес.

Медена земја“ досега има добиено повеќе од 15 награди на престижни фестивали ширум светот и е првиот македонски филм кандидат за Оскар во две категории.  Доделувањето на Оскар ќе се одржи на 9 февруари.