Под насловот„ Oscar Foreign-Lingo Films Play Awards Bingo“  во својата колумна филмската критичарка Алиса Симон дава осврт за петте номинирани филмови во категоријата-најдобар странски игран филм.

Според  Алиса Симон  „Медена земја“ е втор филм од Северна Македонија, по филмот на Милчо Манчевски „Пред дождот“ во 1994 година кој е номиниран во категоријата за најдобар странски филм и претставува  кративен документарец од режисерскиот двоец  Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, кој добива две номинации и за најдобар документарец и за најдобар странски филм.

Според  филмската критичарка Симон  „Медена земја“  е впечатлив портрет на дивата пчеларка која живее во хармонија со природата во суровиот агол на Балканот кој најпрво удри во акорд со американската публика на фестивалот „Санденс “ минатата година, кога ги понесе трите награди- Главната награда од жирито во програмата Светски филм за документарци,  Специјалната награда од жирито за влијание за промена за Котевска и Стефанов како и Специјална награда за камера за Фејми Даут и Самир Љума.