Управниот одбор на Агенција за филм на Република Северна Македонија врз основа на член 21 став (1) алинеја 2, а во согласност со член 30 став (2) од Законот за филмската дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 82/13, 18/14, 44/14, 129/15, 152/15, 39/16, 11/18 и 275/19), на седница одржана на 20.02.2020 година донесе: ОДЛУКА за прифаќање на проекти по Конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност за 2020 година – за организирање на домашни фестивали и други филмски манифестации од меѓународен карактер. Согласно Одлуката финансиски ќе бидат поддржани следниве проекти:

Ред.Бр.Назив на фестивалот/манифестацијатаНазив на организаторотФинансиска
поддршка
1БРАЌА МАНАКИ - Интернационален Фестивал на Филмската камера Друштво на филмските работници на РСМ8,000,000.00
2ЕХО Фестивал на планински филмЗдружение на граѓани за организација на филмски фестивал Алпинизам.ОРГ400,000.00
3СИНЕДЕЈС -  Фестивал на европски филмЈУ Младински културен центар Скопје3,000,000.00
4ОДА - Тетова интернатионал филм фестивалЗдружение на филмски уметници - Тетова интернатионал филм фестивал ОДА3,000,000.00
5СКОПЈЕ филм фестивалЗдружение за филмска продукција и дистрибуција Скопје Филм Фестивал - Скопје2,500,000.00
6СКОПЈЕ СИНЕМА СИТИЗдружение на граѓани „Номад Арт“300,000.00
7Филозофски филмски фестивал Филозофско друштво на Македонија800,000.00
8Државен фестивал на непрофесионален филмКино сојуз на Македонија 120,000.00
9ЗЛАТНА РАМКАДруштво на филмските работници на РСМ1,500,000.00
10КАФЕ КИНОЗдружение за уметност и култура на Скопје150,000.00
11ЏИФОНИ Македонија - Филмски фестивал за младиЗдружение за ширење на филмска култура Џифони - М Скопје1,500,000.00
12BEACH FILM FESTIVAL Фестивал на нов европски филмДруштво за филмска и аудиовизуелна продукција Пик Продукција ДООЕЛ Прилеп500,000.00
13АСТЕРФЕСТ - Интернационален филмски фестивал ДФПУ РЕВОЛУТИОН ДООЕЛ Скопје800,000.00
14ЗЛАТНО ТРКАЛО 2020Друштво за видео и аудио продукција Супер Продукција БТР ДООЕЛ Скопје300,000.00
15КАМЕРА 300 - Интернационален фестивал на аматерскиот документарен филм Кино видео клуб Студио Милтон Манаки Битола200,000.00
16ЏИФОНИ Патува - Филмски фестивал за младиЗдружение за медиумска писменост Планет-М400,000.00
17КРАТОВО 2020 - Eтнолошки филмски фестивалМакедонско Етнолошко Друштво180,000.00
18ЕТНОФФ - Меѓународен фестивал на етно филмМакедонско студентско етнолошко друштво (МСЕД) Скопје 100,000.00
19КИНЕНОВА 2020 - Меѓународен филмски фестивалАРТ Синема Здружение за промовирање и развој на филмската уметност и култура Скопје300,000.00
20FLIP BOOK FILM FESTIVAL - Фестивал на европски авторски анимиран филм Флип Бук ДООЕЛ300,000.00
21ГАЛИЧНИК филмски фестивалДарма Филм Скопје400,000.00
2270 Години ДФРМДруштво на филмските работници на РСМ1,000,000.00