Продукцијата Сестри и Брат Митевски  годинава се застапени на најреномираниот регионален Сараевски филмски фестивал речиси во сите програми. Во фицијалната натпреварувачка конкуренција за кратки и анимирани филмови својата регионална премиера ќе ја има анимацијата ЕДНА на Вук Митевски.

Главната актерка од “Господ постои, името и е Петрунија”, Зорица Нушева ќе биде преставена на фестивалот во програмата за меѓународен кастинг , а актерите Стефан Вујисиќ и Илија Волчески се селектирани и ќе бидат дел од Сараево Талент Кампус.

 “Господ постои, името и е Петрунија” во режија на Теона Стругар Митевска ќе се прикажува вон натпреварувачката програма “Во Фокус”, а во истиот програм ќе се прикажува и “Полусестра” најновиот филм на словенецот Дамјан Козоле во кој Сестри и Брат Митевски учествуваат како малцинска копродукција.

Исто така, новиот филм во развој на Теона С. Митевска “Најсреќниот човек во светот” беше селектиран на Синелинк програмата, а режисерката Теона С. Митевска на Сараевскиот филмски фестивал оваа година е поканета да биде и член на главното меѓународно жири предводено од шведскиот влијателен режисер Рубен Ослунд.