Најновата малцинска копродукција на Скопје Филм Студио, долгометражниот игран филм „Глас“ во режија на Огњен Свиличиќ, влезе во програмата на еден од најзначајните азиски фестивали – Интернационалнот Филмски Фестивал во Бусан (Busan International Film Festival-BIFF).

Ова учество, во рамките на програмата World Cinema е неговата светска прмиера, која е значајна затоа што ги прикажува новите филмски остварувања на режисерите кои со своите дела помаагаат да се разберат последните трендови во светската кинематографија. Програмата е посветена на нови неазиски наслови на реномирани режисери, како и филмски хитови од штотуку завршените светски фестивали.

„Глас“е приказна за младо момче кое пристигнува во католички интернат, каде што дава отпор на верските практики на училиштето. Сепак, учениците и наставниците го сметаат момчето за прилично чудно.’’

Сценариото за филмот го напишаа Огнен Свиличиќ и Маријана Верхоев, директор на фотографија е Маринко Маринкиќ, сценограф е Ивана Шкрабало, костимографијата е на Емилија Ивановска-Атанасовска, снимател на звук Игор Поповски, а монтажата на Наташа Пантиќ. Продуцент на филмот е Дамир Терешак  а ко-продуценти се Томи Салковски и Николина Вучетиќ.

Улогите ги толкуваат: Франко Јаковчевиќ, Белма Салкуниќ, Игор Ковач, Карла Брбиќ, Барбара Вицковиќ.

„Глас“  е копродукција помеѓу Максима филм од Хрватска, Скопје Филм Студио и Биберче продукција од Србија, а проектот беше поддржан од страна на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, како и Хрватскиот аудиовизуелен центар, Хрватската радиотелевизија и Филмскиот центар на Србија.