Споменик на Мајкл Џексон

Оригинален формат:
4K
Година на објавување:
2014
Времетраење:
90 мин
Режисер:
Дарко Лунгулов (Филмографија)
Продуцент:
Огнен Антов, Снежана Пенев, Феликс Еисел
Монтажа:
Дејан Урошевиќ
Сценарио:
Дарко Лунгулов
Директор на Фотографија:
Матиас Шенинг
Музика:
Дејан Пејовиќ
Главни Улоги:
Борис Миливојевиќ, Драган Бјелогрлиќ, Тони Михајловски
Кратка содржина:

Во мало српско гратче на работ од изумирање, живее Марко, вечен сонувач. Од плоштадот е отстранет споменикот на еден партизански борец. Длабоко разочарана од својот сопруг губитник и од монотоното секојдневие во малото гратче, сопругата на Марко, Љубинка, се одлучува на развод. Со цел да го спаси својот брак и својот град од изумирање, Марко се решава да подигне споменик на Мајкл Џексон на местото од комунистичкиот споменик на плоштадот. Во неговиот подвиг му помагаат неговите најдобри другари. Но, градоначалникот Драган има поинаков план и не дозволува Марко да го изгради својот споменик.

Награди:

Филмски фестивал ГЛАСОВИ, Вологда, Русија, 2015 – Најдобро сценарио

Награда од жири и Награда за најдобар актер – Филмски фестивал во Нешвил, САД, 2015

Награда од жири – Фестивал на филмови од источна и централна Европа, Руен, Франција, 2015

Специјално признание за најдобро сценарио – Монте Карло Комеди Филм Фестивал, 2015

Најдобар источноевропски филм – Меѓународен филмски фестивал, Санта Барбара, САД, 2015

Гран при НАИСА за најдобро актерско остварување и награда ФИПРЕСЦИ – Фестивал на актерски остварувања, Ниш, Србија, 2014

„Златна мимоза“ за најдобар филм – Филмски фестивал Херцег Нови, Црна Гора, 2014

Специјално признание на жири – Филмски фестивал Let’s CEE, Виена, Австрија, 2014

Фестивали:

Фестивал на комедија, Клуж, Романија, 2015

Меѓународен филмски фестивал, Каиро, Египет, 2015

Инди филм фест, Индијанаполис, САД, 2015

Меѓународен филмски фестивал, Гетеборг, Шведска, 2015

Филмски фестивал Алпе Адриа, Трст, Италија, 2015

Меѓународен филмски фестивал, Фрибур, Швајцарија, 2015

Фестивал на европски филм СИНЕДЕЈС, Македонија, 2015

Меѓународен филмски фестивал ФЕСТ, Белград, Србија, 2015

Софиски филмски фестивал, Бугарија, 2015

Меѓународен филмски фестивал, Кливленд, САД, 2015

Меѓународен филмски фестивал, Минеаполис, САД, 2015

Меѓународен филмски фестивал, Њупорт Бич, САД, 2015

Фестивал на источноевропски филм, Лима, Перу, 2015

Меѓународен филмски фестивал „Love and Anarchy“, Хелсинки, Финска, 2014

Филмски фестивал Реинденс, Велика Британија, 2014

Филмфест Хамбург, Германија, 2014

Меѓународен филмски фестивал „Златен портокал“, Турција, 2014

Меѓународен филмски фестивал “Листапад”, Минск, Белорусија, 2014

Филмски фестивал, Арас, Франција, 2014

Меѓународен филмски фестивал, Бангалор, Индија, 2014

Меѓународен филмски фестивал, Ченај, Индија, 2014

Филмски фестивал „Црни ноќи“, Талин, Естонија, 2014

Меѓународен филмски фестивал, Гоа, Индија, 2014

Филмски фестивал „Источни соседи“, Хаг, Холандија, 2014

Филм Форум Задар, Хрватска, 2014

Сараевски филмски фестивал, Босна и Херцеговина, 2014

Филмски фестивал во Пула, Хрватска, 2014

Меѓународен филмски фестивал Карлови Вари, Чешка, 2014

Официјална Веб страница:
Продуцентски куќи:
Дрим фактори Македонија
Кеј 13ти Ноември 5/8
1000 Скопје, Р.Македонија
info@dream.com.mk
ognenantov@gmail.com
contact@dfm.mk
www.dfm.mk


Papa films
Višnjićeva 4a
11 000 Belgrade, Serbia
snezana.penev@gmail.com
darkolun@gmail.com

Penrose Film GmbH & Co.KG
Rungestr.20
10179 Berlin
www.penrosefilm.de

Трејлер

2018-09-20T10:43:36+00:00