ТАТ – транзициска еуфорија или национална измама

Оригинален формат:  HD 720p 50 fps

Година на објавување:  2014

Времетраење:  47′ 56”

Режисер:  Сашо Миленковски

Продуцент:  Офелија Новаковиќ

Монтажа:  Јовица Пауновски

Сценарио:  Петар Атанасовски

Директор на Фотографија:  Дејан Младеновиќ

Музика:  Сашо Миленковски

Кратка содржина:
Проектот е документарен филм поврзан со една од најголемите банкарски афери кои финансиски ја потресоа не само Битола, каде се случи аферата “ТАТ”, туку и голем број на штедачи од Македонија, а еден дел и од странство. Во обидот голем број штедачи да си ги повратат веќе изгубените пари во пирамидалното штедење, се случија многу лични и семејни драми. Ги имаше и со смртни последици, самоубиства и убиства поради нерасчистени кредитно-должнички сметки. Она што е најтрагичното, сеуште последиците „се лечат“, со показ дека тие никогаш не може да се надминат. Сите овие ќе бидат условно темата на приказната на овој документарен филм. „Oживувањето“ на оваа тема е во услови кога многу живи сведоци отворено зборуваат што се случило во ТАТ, кои биле главните „актери во филмот“. Некои од „живите“ актери сами даваат свои изјави, што е реткост во документаристиката, документираното да биде потврдено со сведоците од настанот. Впрочем тоа е и една од целите на филмот. На виделина да излезе вистината за ТАТ, која до денес нема доживеано таква привилегија.


Фестивали:

  • Меѓународен фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, Битола. Македонија, 2015
Продуцентски куќи:

Видео Мозаик

Ул.1 бб- Трново

7000 Битола, Р. Македонија

[email protected]

2019-01-30T13:39:38+00:00