Режисер:  Владимир Блажевски

Продуцент:  Дарко Попов

Сценарио:  Владимир Блажевски

Директор на Фотографија:  Димо Попов

Кратка содржина:
На периферијата на Скопје, од археолозите се откриени остатоци од антички град наречен Скупи. театарот е еден од многуте јавни објекти, сведоци за сјајот и славата на некогашниот жив и бучен град на магистралата Виа Игнација. Тој бил место за општествени собири, манифестации, игри и театарски претстави, поради тоа Советот на град Скопје има за цел да го реконструира театарот и да го отвори за јавна употреба. Проектот за реконструкција се очекува да трае три години. Идејата на филмот е да се следат и да се документираат активностите, но исто така и да се дефинира точката на средба меѓу далечното минато и сегашноста. Човековата љубопитност, често се манифестира и се задоволува преку феноменот “scenium”. Современиот човек ги дели истите желби и се залага за повеќе или помалку слични цели.


Фестивали:
  • IFF Manaki – MAKPOINT програма, 2019
  • Rassegna Internazionale del Cinema Archeologico, 2019

Продуцентски куќи:

Фокус Покус

Владимир Комаров 33,

2/11Б 1000 Скопје,

Македонија daropopov@gmail.com