Убаво време за умирање

Оригинален формат:
Full HD 16:9
Година на објавување:
2013
Времетраење:
15 мин.
Режисер:
Сенад Абдули
Продуцент:
Сенад Абдули
Монтажа:
Лазар Секуловски
Сценарио:
Зимбер Келменди
Директор на Фотографија:
Роберт Јанкуловски
Музика:
Бајрам Купи
Главни Улоги:
Сенад Абдули
Кратка содржина:

Мети, маж на околу 50 години, одлучува да се самоубие. Ова не е прв пат што тој пробал да направи вакво нешто. Првите два обиди, кои тој ги раскажува наративно, биле неуспешни. Самоубиството сака да го направи поради животната монотонија. Тој има еден мал работник. Таму се изработуваат музички работи. Работата е тешка. Во фамилијата сите имаат исти очекувања од него, како сопругата, така и двата сина и ќерката. Во еден момент тој размислува да си оди од местото. Неговата сопруга не прифаќа, бидејќи не верува дека тој ќе се врати. Таа продава млеко, со што ја издржува фамилијата. Тој е во многу тешка ситуација. Не комуницира со никого. Единствени на кои тој мисли дека може да им се исповеда се гробовите на неговите родители, кои тој верува дека можат да го слушнат. Но, кога ќе дојде над нив, тој нема зборови. Во текот на целиот свој живот, Мети е во потрага по изговор да не направи самоубиство. Не го наоѓа. Причините за неуспешноста на неговите два обиди на самоубиство се технички. Тој ја сака точноста. Многу е врзан за датите и часовите. И во двата случаи, нешто не било во ред со датата или часот. Сега е моментот. Се е подготвено. Има само еден проблем. Тој има слушнато дека доколку човекот размислува последните десет секунди пред да се самоубие, нема да го изврши тој чин. Но, Мети нема да размислува на ништо. Го става јажето, и се пушта на него. Но без разлика на тоа што тој ги затвора очите, во тие десет секунди во неговата глава поминуваат многу работи од неговиот живот, дури и нешта кои ги нема никогаш видено. За цело ова време неговата жена го слуша неговиот глас, но тој е веќе вратен и не сака да се оттргне од животот. Се се смени. Мети сега сака да живее.

Награди:

Најдобра женска улога – Филмски фестивал “Nine Eleven”, Косово, 2014

Награда „Ацо Алексов“ за најдобар автор – Меѓународен фестивал на краткометражен филм – АТЕРФЕСТ, Струмица, Македонија, 2014

Фестивали:

Фестивал Sound and Visions, Србија, 2015

Филмски фестивал Watch Out!, Тетово, Македонија, 2015

Меѓународниот фестивал на анимиран и краткометражен филм „МЕКАЛ ПРО“, Барселона, Шпанија, 2015

Филмски фестивал „Источни соседи“, Хаг, Холандија, 2014

Меѓународен филмски фестивал, Тирана, Албанија, 2014

Филмски фестивал во Тузла, Босна и Херцеговина, 2014

Недела на албански филм, Њујорк, САД, 2014

Bridge Film Fest, Косово, 2014

Меѓународен фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, Македонија, 2014

Фестивал на филмови од Југоисточна Европа SEE a Paris, Париз, Франција, 2014

Продуцентски куќи:
Арнел Продукција
Блок 82 BA/12
1200 Тетово, Македонија
senleart@yahoo.com
2018-09-20T20:06:44+00:00