Успешна презентација на продукциските можности и македонската кинематографија на фестивалот во Олденбург, Германија

18/09/2018

Агенцијата за филм на РМ успешно ја промовираше македонската кинематографија и продукциската дејност на „Matchbox co-production lounge“  што се одржа на 15.09.2018 година  во рамките на јубилејниот 25-ти Филмски фестивал во Олденбург, СР Германија што се одржа од 13 до 16.09.2018 година.

На фестивалот кој го носи епитетот Санденс во Германија беше презентирана Агенцијата и можностите и поволностите за привлекување на странски филмски продукции, атрактивни локации за снимање како и можноста за поврат на вложените средствата согласно Законот за филмска дејност.

Покрај Агенцијата на овој настан земаа учество и ги претставија своите проекти пред  заинтересираните странски продуценти и македонските продуценти Марија Димитрова со проектот „Сестра“ на режисерката Дина Дума и Вардан Тозија сопствениот филмски проект „М“.

Пред германската публика и гостите на фестивалот во Олденбург светска премиера во официјалната конкуренција имаше македонскиот филм „Враќање“ на режисерот Кастриот Абдили.

Во рамките на фестивалот беше атракртивно откривањето на ѕвездата на фестивалот на патеката на славните во Олденбург на познатиот американски актер Кеит Карадин („Нешвил“ на режисерот Роберт Алтаман, „Двобој“ на режисерот Ридли Скот, ТВ серијата „Фарго“ и др.).

2018-09-27T13:00:37+00:00