„Исцелител“ добитник на две награди во Валенсија и учесник на фестивали во Британија и во Канада

На 26-ти октомври „Исцелител“ доби две награди: сребрена палма и награда за најдобра режија во официјалната програма на престижниот фестивал „Mostra de València“ во Шпанија. Прикажувањето на Исцелител на фестивалот во Валенсија беше негова шпанска премиера.

Исцелител минатата недела имаше и премиера во Британија на фестивалот „Cambridge Film Festival“. Ова е 38-мо издание на еден од најзначајните меѓународни фестивали на независен филм во Британија.

На 27-ми октомври Исцелител по четврти пат се прикажа во Канада. Филмот беше дел од најголемиот кулинарски филмски фестивал во светот, „Devour The Food Film Fest“ кој се одржува во Волфвил во Нова Шкотска, Канада.

Фестивалот во Канада е четириесет и прв меѓународен фестивал за Исцелител.

2018-10-30T14:37:07+00:00