Филмот “Le Milieu De L’ Horizon” (“Позади хорозонтот”) е селектиран во програмата New Directors на престижниот San Sebastian International Film Festival

Филмот “Le Milieu De L’ Horizon” (“Позади хорозонтот”) во режија на Delphine Lehericey кој во голем дел се снимаше во Македонија е селектиран во програмата New Directors на престижниот San Sebastian International Film Festival. Ова е голем успех за филмот бидејќи  San Sebastian International Film Festival е еден од најважните филмски фестивали во светот.

Главните улоги ги толкуваат филмските ѕвезди Lаetitia Casta и Clémence Poésy, како и Luc Bruchez и Tibaut Evrard.

Филмот е во продукција на Box Productions од Швајцарија и Entre Chien et Loup од Белгија, додека македонска продукциска поддршка е продуцентска куќа Кино око.

Филмот е финансиски подржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија согласно Законот за филмска дејност и правото на поврат на вложени средства како законска мерка за поттикнување на инвестиции во филмот.

2019-08-05T15:38:24+00:00