Филмскиот проект „М“ доби поддршка од Хрватскиот аудиовизуелен центар

Филмскиот проект во подготовка со работен наслов „М“ во режија на Вардан Тозија и продукција на Дарко Попов-Фокус Покус и ко-продукција на Art&Popcorn од Србија доби поддршка и од страна на Хрватскиот аудиовизуелен центар. Хрватските ко-продуценти се 4 Films предводени од Анита Јука.

Проектот „М“ кој е предвидено да се реализира наредната година, пред неколку дена ја доби пост-продукциската награда Crossroads на престижниот ко-продукциски форум Агора кој се одржа во рамките на 59.Филмски фестивал во Солун.

2018-11-15T09:40:58+00:00