Филмскиот фестивал за млади „Џифони патува“ во Гевгелија

Џифони Македонија продолжува да патува низ нашата земја. На 31 мај и 1 јуни се одржа Филмскиот феситивал за млади „Џифони патува во Гевгелија“во Домот на култура.

„Џифони патува” е проект наменет за младите од нашата земја, кој преку ширење на идеите на најголемиот фестивал за млади во светот „Џифони Експириенс” од Италија и активно ги вклучува на младите вљубеници во филмот и културата.

Во текот на двата дена младите учесници ги гледаа филмовите и ќе дискутира за темите на филмовите со режисерката Марија Џиџева која ја водеше и филмската работилница. Младите од Гевгелија ја развиваа својата креативност и преку работилница за фотографија под менторство на професорот Роберт Јанкулоски, а ликовната работилница ја водеше Моника Мотеска.

Фестивалската програма „Џифони патува“ во Гевгелија се одржува со финансиска поддршка на Агенцијата за филм и Фестивалот „Џифони експириенс“ од Италија, во соработка со Општина Гевгелија и Италијанската амбасада во Скопје.

„Џифони патува” досега се одржа во четиринаесет градови во Македонија и тоа: Прилеп, Охрид, Битола, Штип, Тетово и Берово, Крушево, Велес, Струмица, Кочани, Струга Гостивар, Кичево и Радовиш, а во текот на месец јуни фестивалот ќе патува и во Кавадарци.

2019-06-03T10:04:20+00:00