Режисер: Огнен Димитриовски

Категорија: Кратки

Фаза: Завршени

Година: 2012


Содржина:

Злите сили во Скопје олицетворени во политичарите и локалните моќници се стремат да го уништат урбаниот дух на градот. Ди џеј Макс од Скопје, чие хоби е возење на мотори се одлучува да им се спротистави. За таа цел се сретнува со Луцифер, Сатаната. Се обложуваат. Луцифер и Макс имаат трка со мотори од едниот до другиот крај на Скопје. Макс или ќе го спаси Скопје или ќе ја изгуби својата душа.


Награди:

Специјална награда од жири – Фестивал на храна и филм, Поградец, Албанија, 2013


Фестивали:

  • Балкан филм фест, Лублин, Полска, 2013
  • Меѓународен фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, Битола, Македонија, 2012
  • Фестивал Диесе, Дижон, Франција, 2012
  • Фестивал на авторски филм, Белград, Србија, 2012