Џган (Работен наслов:Безимени)

Оригинален формат:
4K
Година на објавување:
2016
Времетраење:
101′
Режисер:
Вардан Тозија
Продуцент:
Огнен Антов
Монтажа:
Атанас Георгиев
Сценарио:
Вардан Тозија
Директор на Фотографија:
Владимир Самоиловски
Музика:
Александар Пејовски
Главни Улоги:
Мартин Ѓорѓоски, Дениз Абдула, Никола Ристановски, Љупчо Тодоровски, Сара Кимоска
Кратка содржина:
Група проблематични штитеници од домот за згрижување на малолетници „Младост“ чекорат по тенката линија меѓу бездната на криминалот и секојдневното, „нормално“ живеење. Горан, посветен и грижлив воспитувач во Домот, е единствениот кој е неуморливо истраен во својата задача да им всади трошка верба во вистинските вредности на животот. Откако серија на трагични настани резултира со смрт на едно од момчињата од страна на полициски инспектор, се рушат илузиите на момчињата за нормален живот во свет кој ги стигматизира како отпадници. Поттикнати од повикот на нивниот воспитувач кој ја изгубил вербата во правдата и системот, кај момчињата се јавува мисла за возвраќање на ударот, обединување против нивниот заеднички непријател – општеството. Ситуацијата кулминира со создавањето на тајно, организирано братство на момчињата кое набрзо се претвора во опасна банда која тргнува во бескомпромисен конфликт со сите елементи на општествените структури.
Продуцентски куќи:
Дрим Фактори
Кеј 13  Ноември 5/8 
1000 Скопје, Македонија
ognenantov@gmail.com
www.dfm.mk

Ред Хеликоптер Филмс
Rruga Lule Bore,
Tirana, Albania
andydeliana@hotmail.com
2018-09-19T19:15:42+00:00