8 македонски филмски проекти на Pitch Balkan и Alba Script+ во рамки на Balkan Film Market

Во рамките на овогодинешниот BALKAN FILM MARKET кој ќе се одржи во Тирана од 3-7 октомври ќе се одржи Pitch Balkan 2018 на кој е селектиран македонскиот филм „Сестра“ на Дина Дума. Во рамките на овој Маркет ќе се одржи и работилницата за сценарио Alba Script + на која се селектирани пет македонски долгометражни филмски проекти : „Фарови“ на Срѓан Јанакијевиќ, “Тежок товар“ на Газмед Изаири, „Потстанар“ на Марко Ѓоковиќ, „Нејзината приказа“ на Ибраим Деари и „Другиот“ на Томислав Алексов. Од краткометражните проекти избрани се „Подземна вода“ на Ана Јакимска и “Дали тетка Бозана ми е татко?“ на Ева Камчевска.

Pitch Balkan

https://balkanfilmmarket.com/bfm-2nd-edition/pitch-balkan-2018-announces-the-complete-list-of-selected-projects/

Albascript +

https://balkanfilmmarket.com/bfm-2nd-edition/albascript-plus-2018-announces-the-complete-list-of-selected-projects/

2018-09-28T11:29:04+00:00