Beldocs Industry: Отворен повик за документарни проекти до 1-ви март 2019

Во периодот помеѓу 9-13 мај за време на Меѓународниот фестивал на документарен филм Beldocs во Белград ќе се одржи настанот Beldocs Industry кој е поддржан од страна на програмата Креативна Европа/МЕДИА.

Документарни проекти во напредна фаза на развој може да аплицираат на Beldocs In Progress International , документарни проекти во развој на Beldocs Academy додека документарни проекти во развој од Хрватска, Србија, Црна Гора, Словенија, Босна и Херцеговина, Македонија, Косово, Албанија, Естонија, Латвија, Литванија, Молдавија, Грузија и Украина може да аплицираат на програмата Documentaries for Kids and Youth.

Рокот за аплицирање е 1-ви март 2019 година а повикот со повеќе детали може да го најдете на следниот линк: https://beldocs.rs/en/beldocs-academy-programme/

2018-11-05T14:29:53+00:00