ОТВОРЕН ПОВИКОТ ЗА EAVE PUENTES 2020

EAVE PUENTES е најрелевантна и најуспешна тренинг програма за развој на копродукциски проекти меѓу Европа и Латинска Америка, финансирана е од Креативна Европа – МЕДИА, програма на Европската унија и IBERMEDIA.

Програмата е насочена кон обука на филмски продуценти од Европа и Латинска Америка, кои ќе ги пријават своите проекти во развој, а се состои од две работилници.

Првата ќе се одржи во регионот Фриули Венеција, во Италија во периодот од 28 јуни до 4 јули 2020 г.

Втората работилница ќе се одржи во Уругвај, во периодот од 2 – 8 декември 2020 г.

Од пријавените проекти, десет ќе бидат одбрани за учество на работилниците и ќе се развиваат во текот на една година. Одбраните продуценти ќе соработуваат со  врвни консултанти, кои работат на развој на сценарио, финансии, копродукција, маркетинг и стратегии за дистрибуција и ќе имаат средби со преставници кои се клучни играчи во филмската индустрија во Европа и Латинска Америка.

По завршувањето на втората работилница, сите учесници ќе ја имаат можноста да присуствуваат на фестивалот VENTANA SUR 2020, од 8-12 декември во Буенос Аирес.

Програмата EAVE PUENTES е отворена и за апликации на филмски професионалци и од други области кои се заинтересирани за работа со Латинска Америка (агенти за продажба, финансиери, дистрибутери, агенти за маркетинг, претставници на пазарот на копродукција и сл.) или европски продуценти кои се фокусираат на развој на кариерата (без пријава на конкретен проект). 4-5 од нив ќе бидат избрани за да бидат активен дел од групата.

Краен рок за пријава е 24 февруари 2020 г., а изборот ќе  биде објавен на 14 април 2020 година, од страна на изборната комисија.

Преземете го образецот на пријава овде:

https://eave.org/programmes/information/application12/

Повеќе детали  можете да видите на следниов линк:

EAVE: https://eave.org/programmes/puentes-2020/

Ве охрабруваме да ги пријавите вашите проекти.