ЛОКАЛНИ ХЕРОИ – СВЕТСКИ ТАЛЕНТИ
MK | 2018 | 52’16’’| DCP |
Режија: Ајдин Ислами
Продуцент: Зоран Димов
Сценарио: Рамуш Муарем – Цирко / Зоран Димов
Директор на фотографија: Ерхан Демир
Монтажа: Осман Ферди
СИНОПСИС:
Познатите луѓе од најстарото маало во Скопје – Топаана
Документарниот филм “Локални Херои – Светски таленти” вклучува теми на обработка на ликови – Роми кои со својата работа направија напори да ги елиминираат стереотипите кон оваа заедница, а сите тие ликови произлегуваат од најстарата ромска населба на Балканот и пошироко -Топаана и се интернационално пoзнати личности.
Тие ликови се: Бајрам Северџан – Др Кољо, Васка Јанковска, Есма Реџепова Теодосиевска, Мухарем Сербезовски, Рахим Бурхан, Абди Фаик и Зоран Димов, како и многубројни соговорници како што се Емир Кустурица, Горан Бреговиќ, Столе Попов, Данчо Чеврески и др.
Продукција Super Production BTR
Ко-продукција TV Studio 7