ЈАС СУМ ФРЕНК

СЛ, МК, РС, ХР | Пост-продукција | Драма |
Продукција Vertigo (СЛ) Ко-продукција Small Moves (MK), Backroom Production (РС), InterFilm (ХР)

Режисер: Методи Певец
Продуцент: Данијел Хочевар
Сценаристи: Метод Певец, Иво Трајков
Директор на фотографија: Марко Брдар
Дизајнер на звук: Атанас Георгиев
Кастинг: Јанез Шкоф, Валтер Драган, Катарина Час, Мојца Партљиќ, Ања Новак, Силва Чушин,Мојца Рибиќ, Урош Смолеј, Примож Пирнат, Петер Мушевски, Маја Сервер, Емил Церар
Едитор: Јелена Максивовиќ
Музика: Мате Матишиќ

СИНОПСИС:

Неочекуваното наследство од нивниот татко предизвикува спор меѓу двајца браќа: Френк, бунтовник кој сè уште се колне во солидарнос и „старите вредности“, и неговиот брат Рајко, типичен пост-транзициски тајкун. Френк го истражува потеклото на парите што неговиот покоен татко го стекнал преку разни сомнителни зделки како еден од протагонистите за независна Словенија, додека Рајко е нестрплив да ги земе парите со помош на адвокатите и мрежата на ортаци на неговиот татко, кои не се воздржуваат ниту од мафијашки методи. Сопругата на Рајко, Инес, која цело време е вљубена во Френк, уште еднаш се наоѓа во центарот на братскиот спор – спор што води до конечен пресметка.