МОЕТО ЕЗЕРО

АЛ, МК, КО, ХР, ИТ | Пост продукција | Драма |
Продукција On Film Production (АЛ) Ко-продукција Focus Pocus Films (MK), Added Value  (КО), Corvus Film (ХР), Hermes Film (ИТ)

Режисер: Gjergj Xhuvani
Продуцент: Dritan Huqi
Сценарист: Gjergj Xhuvani
Директор на фотографија: Dimo Popov
Кастинг: Ariton Pollozhani, Tristan Halilaj, Vedran Zivolic

СИНОПСИС:

Бистриот и интелигентен тинејџер, КРИСТО, седи во својата клупа во училницата. На таблата наставничката ја има испишано темата на есејот: „Моето езеро“. Кристо размислува за значењето на овие зборови додека пишува: „Езерото може да ви даде се`, само треба да знаете како да побарате.” Кристо погледнува низ прозорецот и се навраќа на настаните од минатите неколку месеци. Младиот Кристо живее во село на работ на прекрасното Преспанско Езеро, водна површина поделена меѓу границите на три балкански држави – Албанија, Македонија и Грција. Кристо е горд сопственик на чамец и целосно ја користи оваа поволна географска положба. За да го издржува своето семејство, Кристо станува ситен шверцер на марихуана, го користи својот чамец и познавањето на езерото за да шверцува пакети од албанската на македонската страна. Со текот на времето, Кристо почнува да им се восхитува на двајцата дилери на дрога за кои работи – подмолниот, агресивен ИСМАИЛ и ПАСКО, баран криминалец што ги издржува својата сопруга, ДИТКА, и неговата стара мајка. Но светот на Кристо почнува да се менува. Кристо почнува да ги преиспитува своите животни одлуки откако ќе се вљуби во неговата паметна, грижлива наставничка, МИРАНДА. Исмаил е одлучен да ја преземе целата трговија со дрога на езерото. Во борбата за превласт што следува, Кристо ќе биде лошо повреден. Паско ќе падне во полициска заседа, наместен од Исмаил. Пред очите на Кристо, Паско ќе биде смртоносно застрелан. Во сиот хаос, мајката на Паско ќе почине од шокот, а Дитка го напушта селото. Кога целата мала рибарска заедница ќе мисли дека Кристо е одговорен за смртта на Паско, момчето сфаќа дека ќе мора да стави крај на опасниот подем на Исмаил. Кристо го одмаздува Паско преправајќи се дека подметнал пожар на една важна пратка со дрога, постапка што ќе резултира со смртта на Исмаил. За да се збогува со своето криминално минато засекогаш, Кристо ги уништува парите од неговите дилери-ментори. Приказната завршува како што започнува, Кристо го завршува својот училиштен есеј на тема „Што може езерото да им даде на оние што знаат како да побараат“.