ДА ДОКАЖАМ СЕБЕСИ

МК |  Пред продукција | Документарен | Продукција Munlajt DOO

Режисер: Решат Камбери
Продуцент: Димитар Сеизов
Сценарист: Решат Камбери
Директор на фотографија: Дарко Елек
Едитор: Димитар Сеизов

СИНОПСИС:

Документарниот филм ќе се снима во механичарска работилница, каде што се одвива главното случување, но и во домашна атмосфера, во складиште за авто делови и на улица каде ќе се тестира возилото.

На почетокот на 70-те, Мајсторот Абдураман Мустафа почна изградба на рачно израбиотен автомобил, како уникатен модел на тркачки автомобил. За неколку месеци ја заврши работата и со гордост им ја покажуваше на другарите, кои што го убедиа дека треба да учествува на еден меѓународен  саем на автомобили и иновации во Белград што се одржа во 1974 . Автомобилот на мајстор Рамо освои трето мест на ниво на Европа, со што мајсторот се докажа себеси, дека може.

Во филмот ќе се престави мајстор Рамо како ја објаснува идејата, како и реализацијата на идејата, со сите маки ,перипетии, како и радоста при реализирање  на посакуваната цел. Неговите напори за добивање на аеродинамичната форма, техничко електричните решенија и уникатноста на решенијата со која ги воодушува и инжеинерите на автомобилската индустрија. Он умее да со своите решенија да ги постигне посакуваните ефекти.

Во филмот монологот ќе се реализира помеѓу желбата и можноста. Додека ефектите ќе бидат офкањата, звуците при работата , еуфоријата , радоста и разочарувањата.

Филмот почнува кога мајстор Рамо, лежи пред телевизор следејќи автомобилска трка . Тука почнува дилемата во неговите мисли „дали можам и јас да направам кола да биде посебна, и да биде за трки.“. Зема еден молив и почнува да црта, како ќе изгледа колата. Тука почнува и немирот како ќе докаже прво себеси а потоа и на останатите дека моќе да направи нешто што не моќе да го направи секој.

Овој немир направи да мајсторот помалку спие а повеќе работи.