ПРОФЕСОРОТ

MK | Завршен, 2020 | Документарен, Биографија |
Продукција Кадар – истражувачко новинарство, документарец и едукација

Режисер: Јордан Дуков
Продуцент: Љубиша Арсиќ
Сценарист: Јордан Дуков
Директор на фотографија: Кристијан Караџовски
Едитор: Доријан Миловановиќ
Музика: Илија Џаџев
Кастинг: Иван Беќарев

СИНОПСИС:
Документарен филм за универзалниот уметнички и хуманистички подвиг на еден локален херој. Истражување на несекојдневниот животен пат на Илија Џаџев- музичар, виртуоз на хавајска и класична гитара, писател, професор по географија.
Овој човек-феномен отсвирел над 6000 бесплатни концерти ширум светот, не правејќи разлика дали свири пред луѓе што се од врвот или на дното. Свирел пред претседатели, просјаци, рудари, деца во градинка, студенти во менза, работници во поле, заменувајќи ги концертните сали со родилишта, гробишта, пензионерски домови, рударски окна, патнички и воени бродови, караули, затвори, психијатриски болници, како и плоштадите на поголемите светски метрополи, поминувајќи преку четири милиони километри со својата гитара. Илија Џаџев  е роден во Гевгелија во 1925 година, а починал во 1991.
Документарниот следи 3 наративи со кои се испреплетуваат со цел што по автентично да биде раскажана приказната за последниот македонски трубадур. Првиот е за несекојдневната животна приказна на професорот Илија Џаџев преку архивски снимки, фотографии, како и сведоштва на негови пријатели, роднини, љубови. Вториот е потрагата по неговиот роман во ракопис “Професорот и друмската проститутка”, кој не се знае каде е. И третиот е оживувањето на хавајската гитара која речиси 30 години е затворена во куфер.

Она што го прави Џаџев човек – феномен се неговите преку 6000 бесплатни концерти ширум светот, на кои тој не правел разлика дали свири пред луѓе што се од врвот или на дното. Свирел по светски плоштади, пред претседатели, питачи, рудари, деца во градинка, студенти во менза, работници во поле, заменувајки ги концертните сали со рударските окна, пензионерките домови, патничките и воени бродови, караули, како и плоштадите на поголемите светски метрополи, поминувајќи преку четири милиони километри со својата гитара.
Приказна за несекојдневното секојдневие на професорот. Приказна за потрагата по еден роман во ракопис. Приказна за авантурата на една хавајска гитара. Приказна за една заборавена легенда. Таа можеби звучи локална бидејќи е за локален херој, но она што го носел проесорот Илија Џаџев во себе и она што го направил е универзален подвиг, пред се човечки.

www.kadar.mk

ljubo.arsen@gmail.com