СКЕНДЕРБЕГ ВО СКОПЈЕ

МК, КО | Продукција | Историски документарец |
Продукција Dardania Film (МК) Ко-продукција Shkupi Film (КО)

Режисер: Кастриот  Абдули
Продуцент: Кастриот  Абдули
Сценарист: Кастриот  Абдули
Едитор: Кастриот  Сакипи
Музика: Мемли Келменди

СИНОПСИС:
Еден настан, многу противречности, голема медиумска прашина. Припадниците на еден народ гледаат со ентузијазам на фактот дека и во престолнината на државата во која живеат се поставува споменик на нивниот херој, додека друг дел од истата држава го доживува како закана, а соседните народи го оспоруваат секој од сопствената призма.
За Албанците тој е нивниот некрунисан крал Ѓерѓ Кастриоти, за Турците е дезертерот Скендер, кому за заслугите, додека и служел на нивната империја, му ја дале војничката титула Бег; за Србите е Ѓорѓе, српски принц; за Ватикан Исусов воин; а за Македонците закана која го наметнува прашањето: што после Скендербег…?
Ѓерѓ Кастриоти Скендербег е албански херој од 15-тиот век, кој со векови се велича поради неговата борба против Османлиското Царство и како заштитник на европската цивилизација од пробивот на тоа царство кое во она време било светска велесила.
Националниот јунак Скендербег е најспоменуваното историско име од секое албанско дете, а неговите дела, историјата и легендите за неговото јунаштво секогаш биле приказни што им се читаат на децата пред спиење.
Неговото јунаштво за Албанците претставувало извор на енергија за генерации и генерации низ вековите, во нивниот отпор против асимилацијата и во нивната борба со предизвиците за опстанок.
Неговите слики, протрети, бисти и споменици можат да се најдат речиси во сите населени места на Албанците, но и во светските метрополи како што се Рим, Лондон, Виена, Сиднеј итн

„Скендербег во Скопје“ ќе ги претстави сите овие случувања објективно и документирано, не само преку филмските снимки кои ги следеа случувањата, туку и преку интервјуа со претставници од сите категории на граѓани, почнувајќи од децата, преку обичните граѓани, па се до новинарите, публицистите, историчарите и политичарите.
Исто така, за да се прикаже она што реално го претставува овој споменик во една мултиетничка држава, ќе има интервјуа и со македонски, српски, турски и црногорски историчари.

www.dardaniafilm.com

dardania_film@hotmail.com