ВАСИЛ ХАЏИМАНОВ

MK | Пред продукција |
Документарен | Продукција Видео Студио Петковски

Режицер: Мишо Нетков
Продуцент: Миле Петковски
Сценарист: Мишо Нетков
Директор на фотографија: Тони Коцев
Едитор:Миле Петковски

СИНОПСИС:
Во македонската музичка историја името на Васил Хаџиманов е евидентирано како пасиониран, истражувач и афирматор на македонската национална музичка ризница.
Неговата дејност е тесно поврзана со развојот и првичните чекори во етномузикологија во Македонија.
Собирачката дејност Хаџиманов ја започнува во периодот 1927-28 година, период кога мелографирал над 1000 песни од регионот на Тиквешијата. Во истиот период формира своја, но, истовремено членува во голем број фолклорни групи, со кои настапува на разни фестивали и радио емисии (Радио Загреб, Радио Белград, Радио Љубљана и Радио Скопје). Преку овие настапи, Хаџиманов ја популаризира и афирмира македонската народна песна.

Портретот ќе биде отсликан преку искажувања на врвни македонски научни работници од областа на музикологијата, етномузикологијата, педагошката и научна мисла, соговорници коишто соработувале во радио програмите и други личности кои директно или индиректно се поврзани со личноста и делото на Васил Хаџиманов. Исто така ке се направат темелни истражувања во Архивите на Србија, МАНУ, МРТВ и слични институции каде што има показатели за неговото творештво.

milevsp@gmail.com