СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА

МК |Пост продукција | Драма/Комедија | Продукција Вертиго

Режисер: Кристијан Ристески
Продуцент: Дарко Попов, Јовица Пановски, Кристијан Ристески
Сценарист: Кристијан Ристески

СИНОПСИС:

Седум луѓе живеат во време и простор кои се во конфликт со нивните вредности. Откако ќе и’ вети на својата најдобра другарка, која е на смртна постела, дека ќе се грижи за нејзиниот син, Снежана станува „мајка“ на Боби, 20-годишен џанки. Маја е „волк самотник“, не комуницира очи-во-очи со луѓе, а Игор е „риба надвор од вода“, има Аспергер синдром. Иако не би требало да имаат прилика да се сретнат, тие се сретнуваат и се вљубуваат. Никола, Горазд и Дејан се другари од детство, „маалска екипа“ која се мачи да се прилагоди на овој нов свет, дехуманизиран од виртуелната комуникација, релативизацијата на моралот и агресивната инвазија на политиката врз нивните животи.

www.vertigo.com.mk
risteski@vertigo.com.mk