ЕЈ!

МК | 2018 | 90‘| Дигитал | Драма |
Продукција Дијаболик Ко-продукција Кино Око

Режисер: Васил Христов
Продуцент: Васил Христов, Горан Ацевски
Сценарист: Васил Христов
Директор на фотографија: Душан Кардалевски
Едитор: Васил Христов
Дизајнер на звук: Дарко Спасовски
Музика: Дарко Спасовски
Кастинг: Кирил Коруновски, Николина Кујача, Оливер Митковски, Игор Ангелов, Јордан Симонов, Софија Насевска, Александар Микиќ, Јелена Јованова, Гораст Цветковски, Драгана Костадиновска, Сашко Коцев, Соња Стамболџиоска, Славиша Кајевски, Јелена Галевска, Кирил Поп Христов

СИНОПСИС:

После журка во диско, група млади се собираат во едно клупче на приватен афтер. Во зезање, решаваат да повикуваат духови, поточно се договараат да го повикаат духот на Александар Македонски Велики. Но наместо духот на Александар, во клупчето се појувува/материјализира премиерот на „антиквизираната“ држава. Сите домашни и светски медиуми јавуваат за исчезнувањето на премиерот на државата. Се прогласува вонредна состојба во земјата. Сите безбедносни служби со помош на странски обавештајни служби се во потрага по исчезнатиот премиер. Така, не по своја воља, младите стануваат „киднапери“ на премерот а тој нивни заложник. Сите нивни обиди да најдат решение како да се ослободат од него не вродуваат со плод. Единствено можно решение е да се разреши енигмата зошто и како токму тој се материјализирал наместо духот на Александар.

digitprop@yahoo.com