И ПОКРАЈ МАГЛАТА

ИТ, ФР, РС, МК | Завршен, 2019 | Драма |
Продукција CINEMUSA S.r.l. (ИТ) |
Ко-продукција NOVA FILM (РС), Rosebud Ent. Pict. (ФР), SEKTOR FILM (МК)

Режија: Горан Паскаљевиќ
Продуценти: Амедео Летициа, Мариеча Ли Сачи, Симона Банки
Копродyценти: Горан Паскаљевиќ, Владимир Анастасов, Ангела Несторовска, Ангело Лаудиза
Сценарио: Горан Паскаљевиќ, Филип Давид, Марко Алеси
Директор на фотографија: Милан Спасиќ
Монтажа: Урош Тимотијевиќ
Дизајн на звук: Андреа Малаваси
Музика: Влатко Стефановски
Улоги: Донатела Финокјаро, Франческо Аквароли, Али Муса Сархан, Ана Галиена, Луиџи Диберти, Франческа Кутоло

СИНОПСИС:

Eдна дождлива вечер, Паоло сопственик на ресторан во мало провинциско гратче во близината на Рим, се враќа дома од работа. По патот здогледува измрзнато детенце на автобуската станица и решава да го земе со себе дома.

Детето се вика Мухамед и е дете бегалец кое што е препуштено на самото себеси откако ги изгубило родителите за време на патувањето во гумен чамец до Италија.

Тој и неговата сопруга се обидуваат во ова дете да најдат утеха и некаква замена за својот прерано починат син, но наоѓаат на сѐ поголем отпор од средината и од сопственото семејство, кое не ја прифаќа нивната одлука да го задржат детето.