ЏЕЗМЕН

МК | Завршен, 2019 |
Документарен | Продукција Zojder

Продуцент:Љупчо Стојановски
Извршен продуцент: Горан Цветковски
Режисер: Аљоша Симјановски
Сценарист:Аљоша Симјановски
Директор на фотографија: Диме Пејовски
Едитор:Горан Цветковски
Дизајнер на звук: Војчо Николовски
Кастинг: Велибор Педевски

СИНОПСИС:
ЏАЗзМАН е проект – документарна сторија за живот посветен на уметноста на џезот, – која ја раскажува ВЕЛИБОР ПЕДЕВСКИ, човекот своевиден фокус на збиднувањата на овој творечки феномен … „ една од најпрестижните и најважните културни американски експорти што го освои светот, како своевидна мултикултурна уметност, но и како методолошка постапка и одредница на артистичките слобода.
“Нема друго место на светот како Њујорк”, – скопјанецот Велибор Педевски, кој повеќе од четврт столетие живее во овој динамичен урбан метеж. Овде се сетираат трендовите, се профилираат жанровите. Овде е роден и џезот за што Велибор има интересна теза – „тоа е креатвен чин – нешто како македонското фрескосликарство во древните цркви и манастири…“

zojder@yahoo.com