ТАЈА НОСЕШЕ ЦРВЕНА ШАМИЈА

ХР, МК | Пред продукција | Комедија, Драма |
Продукција Svenk (ХР) Ко-продукција Vertigo Visual (MK)

Режисер: Горан Дукиќ
Продуцент: Нина Петровиќ
Сценарист: Сандра Антолиќ
Директор на фотографија: Вања Церњул
Каст: Ксенија Маринковиќ

СИНОПСИС:

Сезнаечкиот наратор Исус Христос (33), не помалку сезнаечката тетка Анка (57) и љубопитната прасица Беба (2) се главните ликови на оваа селска комедија со пеење, сместена во питомото Загорје и во воените 90-ти. Над фолклорната кулиса на селскиот живот, претставен низ мотивите на свадба, „проштење“* (еден вид локален аџилак со цел простување на гревовите) и „колиње“** (денот кога се колат свињите), доминираат љубовната драма на Беба и Роки, крмак за расплод од полу-српско потекло, и дефектот на фризерската хауба која ги пореметува подготовките на тетка Анка за „проштењето“. Мајката Божја, како deus ex machina, ја води приказната кон рајски епилог – кочина полна со прасиња и срца полни со проштевање.

www.vertigo.com.mk
risteski@vertigo.com.mk