НАЈТЕШКОТО НЕШТО

МК | Пост продукција | Драма |
Продукција Сектор 

Режисер: Сердар Акар
Продуцент: Владимир Анастасов, Ангела Несторовска
Сценарист: Оливер Ромевски

СИНОПСИС:

Постојат настани со коишто порано или подоцна ќе мора да се соочиме, без оглед дали се добри или лоши. Но, она што нè дефинира не се настаните или нивниот исход, туку изборот што самите сме го направиле. НАЈТЕШКОТО НЕШТО е современа драма за преживувањето на најтешките ситуации во животот и тактиките што човек ги користи за да ги надмине ваквите предизвици.

Ова е приказна за згаснати животи и расцутени надежи. Стар земјоделец-одгледувач на цреши, трговец-измамник што е заглавен во долгови до гуша, мафијаш што се занимава со трговија на луѓе, измамени бегалци на својот пат кон посветла иднина, татко што се бори да го спаси своето, од леукемија болно дете… Сите се дел од приказната за преживување во една земја, земја на многу религии, јазици и идентитети.